Здравје

Пиете таблета без вода? Ќе ви го нагризе хранопроводот

Голтањето на таблети е полесно со чаша вода, но таквото консумирање е и многу побезбедно, наведува thehealthy.com. Имено, ако се пие таблетата без вода, можно е таа да заглави во хранопроводот, а тоа потоа може да предизвика сериозни компликации.

Лековите кои ќе се заглават во хранопроводот ќе предизвикаат воспаление и иритација па ќе резултираат со симптоми како што се жиговина, болки во градниот кош и крвавење, велат лекарите.

Но, со оглед на тоа дека хранопроводот е орган кој нема нерви кои предупредуваат на болка и поради тоа што симптоми не мора да се појават веднаш, тешко е да воочите дали таблетата се заглавила или не. Со текот на времето, таблетата може да се разгради и така да го нагризе чувствителното ткиво на хранопроводот, поради што може да дојде и до дехидратација.

За да се избегнат опасни компликации при земањето на таблети, најдобро е лекот да се испие со 200 мл вода, а лекарите наведуваат дека најдобро е тоа да биде во седечка или стоечка положба.

Според нив, таблетата е паметно да се зема 15 минути пред да одите на спиење, за да ѝ се даде доволно време да се спушти низ хранопроводот.

Се разбира дека нема секоја таблета да заглави во хранопроводот, но ризикот е секако поголем ако ја пиете без чаша вода.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Цвеќиња на чинијата: Празник за непцето и очите

saso user

Јадете ги редовно, спречуваат дијабетес!

saso user

Витамини кои ќе ви помогнат ако имате проблем со помнењето и концентрацијата

saso user