Бизнис

Панделески вети дека работниците од „Пелагонија“ во среда ќе добијат плата

Стотина работници во ЗК „Пелагонија“ од Битола денеска излегоа на мирен протест пред дирекцијата барајќи ја октомвриската плата, а велат дека незадоволството расте поради неизвесноста, што ќе биде понатаму со комбинатот.

– Никој не доаѓа од тие што треба да ни каже во кој правец ќе се движи комбинатот и никаков контакт немаме со никого за да каже во што е проблемот и зошто не е исплатено – изјави за ТВ Алфа член на Синдикалниот одбор.

Додека траеше протестот, меѓу работниците се појави еден од сопствениците Цветан Панделески, кој вети дека октомвриската плата ќе биде исплатена до среда и дека ЗК „Пелагонија“ веќе ги пребродува тешкотии со подмирување на обврските кон доверителите, и покрај тешката производствена година со сушата и преполовената реколта со пченка.

– Комбинатот ќе си биде многу подобар отколку што беше. Луѓето ќе си добијат плата, а оној што сака да прави проблеми, ќе си ги прави дома а не кај нас. Комбинатот финансиски е многу јак, без разлика што годината беше катастрофална. Очекуваме дека државата ќе излезе во пресрет и ќе ги плати субвенциите кои не се исплатени на Комбаинатот, а тоа е една плата – им рече Панделески на работниците.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

МТСП: Парична помош за сите кои останаа без работа од 11 март до 30 април

saso user

Арсовска: Во соработка со стопанството да се одреди начинот за избор на најповолна понуда за јавните набавки

saso user

Близу 8,8 милијарди денари е долгот на фирмите и граѓаните за даноци и придонеси

saso user