Свет Топ вести

Откриeни непознати документи за лекувањето на Тито: Додека бил во кома, во љубљанската болница се правеле лумпувања

Во подземен трезор на Универзитетскиот клинички центар во Љубљана, каде што на 4 мај 1980 година почина Јосип Броз Тито, се откриени фасцикли со документација која фрла ново светло на последните месеци од животот на Тито и неговиот персонал во најдобрата медицинска установа во некогашна СФРЈ.

Според пишувањето на љубљанските медиуми, документацијата била откриена во просторијата која води кон подземните ходници, а која последен пат била користена како засолниште за време на воздушни опасности за време на конфликтот со ЈНА во 1991 година, иако се сметало дека целата документација поврзана со лекувањето на Тито во Љубљана завршила во Белград, пренесува „Јутарњи лист“.

Повеќето документи откриваат што сè се плаќало за време на престојот на Тито и неговиот персонал во болницата во Љубљана, во кои се вели дека за еден месец се изеле 100 килограми свинско месо, 31 килограм бебешко говедско месо, 18 килограми буџола, повеќе од 15 килограми пршута и 90 килограми конзервирана шунка.

Во истиот едномесечен период се платени и 91 шише виски, 20 шишиња рум, 11 вотки и 100 литри вино, а според една сметка, биле нарачани и 700 парчиња торта, 200 ролати, 200 крофни.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Џафери ја отфрли иницијативата за нарко тест на пратениците

saso user

Татко убил мајка во Велика Британија за да ја „избрише засекогаш“

saso user

Тајван: „Ербас А330“ морал итно да слета кусо време по полетувањето

saso user