Спорт

Гвардиола објасни од каде потекнуваат проблемите на „небесносините“

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола го даде своето образложение за проблемите на шампионите во Премиер лигата оваа сезона.

Во саботата „небесносините“ одиграа 2-2 со Њукасл на „Сент Џејмс Парк“ и сега се 11 бода зад лидерот Ливерпул.

Според Гвардиола, голем проблем е што неговите играчи не се во можност да ги реализираат позициите што ги создаваат. Доволно чудно, Шпанецот смета дека оваа тенденција започнала веќе минатата сезона, во која „граѓаните“ ја завршија својата шампионска кампања со 95 постигнати голови.

– Слично е како минатата сезона. Упативме 24 удари против Њукасл, иако не беа прецизни сите. Во три или четири ситуации нашите играчи излегоа сами против голманот. Тие направија два удари и постигнаа два гола. Неверојатни статистики. Ние се обидуваме да создадеме повеќе и да примаме помалку голови – рече Гвардиола.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Тепачка во НБА: Се степаа Ембид и Таунс (видео)

saso user

Виз Ер Скопски маратон го прославува својот 15. јубилеј

saso user

Федерер го победи Цонга во Хале

saso user