Свет

БиХ ќе прифати деца и жени кои престојуваат на територија на ИД

Во Босна и Херцеговина до крајот на оваа недела ќе пристигнат 16 деца и осум жени кои престојувале на територија под контрола на Исламска држава во Сирија и во Ирак, тврдат извори од босански безбедносни служби.

Станува збор за процедура која првично била планирана пред речиси два месеца, но депортирањето е прекинато бидејќи Турција започна воена операција во северниот дел на Сирија.

Според локалните медиуми, членовите на Претседателството на БиХ уште минатата недела донеле едногласна одлука за прифаќање на 24 босански државјани, кои во изминатите години престојувале на подрачје кое било под контрола на ИД. Децата и жените се државјани на БиХ, кои со возрасни машки членови на семејството во претходните години заминале во Сирија и се придружиле на терористичката организација ИД.

Засега не се знае што ќе се случи со мажите кои од БиХ се придружиле на ИД и нивната депортација не е планирана.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

„Волт Дизни“ го откупи „Твенти Фрст Сентери Фокс“

saso user

Путин смета дека протестите во Москва не се „доволно важни“, соопшти Кремљ

saso user

Смртна казна им се заканува на борците од ИД, според претседателот на Ирак

saso user