Здравје

Царскиот рез носи за 33 отсто поголема веројатност од појава на аутизам

Кај бебињата родени со царски рез има 33 отсто поголема веројатност да се развие аутизам и 17 отсто  поголем ризик од појава на т.н. нарушување на недостиг од внимание и хиперактивност (АДХД), покажува ново истражување на Каролинска институтот во Стокхолм.

Анализата на тимот научници предводена од Тјанјанг Женг, опфатила 29 претходни испитувања, односно вкупно 20 милиони породувања. Дури 17 од овие научни трудови укажуваат на поголем ризик од овие болести, што се смета за доволно битно во статистичка смисла.

Од друга страна пак, некои лекари, иако се сложуваат со новите научни сознанија, сметаат дека идните родители не треба да паничат, бидејќи ризикот е мал.

– Потребни се повеќе истражувања за да се открие причината за оваа врска и како таа е поврзана со породувањето со царски рез. Жените кои се пораѓаат на овој начин не треба да се грижат, оти тоа е безбедна постапка. Во многу случаи, тоа спасува живот, изјави д-р Пет О’Брајан, британски гинеколог.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Доктор Јовановски: Со липосукциска исхрана за два месецa намалив 22 кг!

saso user

Ја ставате ли раката кога ќе кивнете? Правите грешка!

saso user

Здравите прехранбени навики се стекнуваат пред раѓањето

saso user