Сцена

Селин Дион откри зошто Џек не се спасил во филмот „Титаник“

Поминаа 22 години откако филмот „Титаник“ е прикажан во киносалите, а дебатите за тоа дали Џек можеше да се качи на вратата и да се спаси не стивнуваат.

Пејачката Селин Дион гостуваше во американското шоу на Џими Фелон и зборуваше за култниот филм „Титаник“. За тоа во текот на гостувањето проговорила и Селин, која ја испеа и насловната песна „My Heart Will Go On“.

– Дали можеше да преживее? – ја прашал Џими Фалон.

Навраќајки се на завршната сцена кога Леонардо Дикаприо умира, а Кејт Винслет се спасува, Дион смета дека Џек немал сила да го стори истото.

– Ако ја погледнете таа сцена подобро, Роуз би можела да биде мртва или толку смрзната така што не би дошла при себе. Освен тоа, ликот се наоѓа во студениот океан, можеби и тој бил толку смрзнат што дури немал сила да се качи на вратата – рекла Селин Дион.

Оваа сцена е толку често коментирана така што и самиот режисер Џејмс Камерон повеќепати го прашале за неа.

– Ако преживееше, крајот на филмот не би имал никаква смисла. Во филмот се работи за смртта и разделбата, Џек мораше да умре. Мислам дека е глупаво да се дебатира за тоа 20 години подоцна – рекол Камерон во интервјуто за „Венити фер“.

FOTO: Instagram/Printskrin/Jutjub

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Славната актерка ја покажа потполно избричената глава по тешката дијагноза ФОТО

saso user

Родригез не знае каде ќе се ожени, ни што ќе облече, ниту кога ќе се случи свадбата со Џеј Ло

saso user

Проговорила по 40 години: Принцезата Дијана ми се довери зошто принцот се оженил со неа, знаеше сè!

saso user