Бизнис

Повик за Награда за човекови права во бизнисот

Отворен е повик за Награда за човекови права во бизнисот. На повикот може да учествуваат правни субјекти кои работат три години во земјава, односно имаат регистрирано правно лице минимум 3 години пред објавата на повикот.

– Почитувањето на човековите права е обврска на сите сопственици на бизниси менаџери(-ки) и вработени. Трагаме по посветени компании со позитивни практики за унапредување на човековите права во деловната средина. На овој начин, ја поттикнуваме усогласеноста на бизнисите со водечките принципи за бизнис и човекови права на ОН и целите за одржлив развој. Ги повикуваме сите компании кои сметаат дека се пример за други да се пријават за награда – велат организаторите.

Сите информации и документи се објавени на: http://konekt.org.mk/nagrada-javenpovik/

Како и до кога да се пријавите?

На konekt@konekt.org.mk најдоцна до 02.12.2019год. пратете:

– Пополнет формулар за пријава и изјава за веродостојност;

– Документација и линкови за поткрепа (по избор);

– Тековна состојба од Централниот регистар.

Компаниите при пополнување можат слободно да се консултираат и да добијат насоки од Конектна konekt@konekt.org.mk или 02/ 3224 198.

Настанот на кој ќе се доделуваат наградите ќе се одржи на 11.12.2019 год.

Активностите се одвиваат во рамки на проектот „Поттикнување на принципите за бизнис и човекови права“ финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Конект во партнерство со Бизнис конфедерација и во соработка со „Mрежатa на Глобалниот договор на ОН во Северна Македонија“.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Заев со Вучиќ на отварање на јужниот крак на Коридорот 10

saso user

Граѓаните ќариле над 3 милиони евра од поврат на ДДВ за три месеци

saso user

Денеска се отвораат трговските центри, обложувалниците, Заводот за рехабилитација

saso user