Македонија

МО: Сексуалното вознемирување во Армијата е апсолутно недозволиво

Министерството за одбрана најстрого осудува секаков обид за сексуално вознемирување, се вели во реакција на МО откако попладнево МВР информира дека вработена во македонската армија пријавила во СВР Куманово дека нејзин колега се обидел да изврши обљуба во кумановската касарна „Боро Менков.

Настанот во кумановската полиција на 19 ноември во 19,20 часот, го пријавила  вработената во АРМ.

„Сексуалното вознемирување во Армијата е апсолутно недозволиво. Случајот се испитува и доколку се докаже министерството ќе има нулта толеранција. Никој не смее да помисли да ги вознемирува припадничките на Армијата и да го намалува угледот на Армијата“ вели МО.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Малолетна кавадарчанка обљубена од малолетен роднина

saso user

Стратегијата на Макрон за Западен Балкан, наесен влегува во Македонија

saso user

Анкета: 47 отсто од младите во Македонија се религиозни

saso user