Македонија

Извадок на дел од дневни настани на МВР за ден 21.11.2019 година

На 20.11.2019 во 20.35 часот, полициски службеници од СВР Скопје од подрачјето на Бит Пазар ги лишиле од слобода С.Б.(23) и Ф.Ш.(18), двајцата од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 20.11.2019 во 23.40 часот, полициски службеници од СВР Скопје од подрачјето на Бит Пазар, го лишиле од слобода Б.С.(25) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 20.11.2019 во 08.00 часот во с. Драгош, битолско, од слобода биле лишени Н.Р.Н.(29), Л.Л.С.(29), Л.Т.С(27) и Л.Е.Б.П.(29), сите од Куба, при обид незаконски да ја преминат државната граница помеѓу Р. Грција и Р.С. Македонија. Тие биле предадени на полициски службеници од СВР Битола за понатамошна постапка.

На 20.11.2019 во 07.50 часот на Граничниот премин „Табановце“, утврдено е дека Л.М.(20) од Радоште, Косово при контрола приложил туѓа патна исправа. Л.М. бил приведен и предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

На 20.11.2019 во 12.50 часот од слобода бил лишен и приведен во Полициската станица Струмица, Н.Н.(41) од Струмица за кого била издадена Наредба за приведување од Основен суд Струмица поради издржување затворска казна. Во 14.00 часот лицето било предадено во Затвор Струмица.

Во текот на 20.11.2019 на подрачјето на СВР Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 19 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 14 возачи, од кои: двајца возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 10 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило и двајца возачи – почетници кои не ги почитувале сообраќајните прописи согласно ЗБСП. Исто така, исклучени од сообраќај се и 14 возила, од кои едно возило бидејќи било технички неисправно и 13 возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се пет возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, осум возачи поради неправилно престројување, еден возач поради неправилно престигнување, еден возач поради недавање на првенство на минување на возила во зона на крстосница, еден возач на мотоцикл поради неносење заштитен шлем, 20 возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 27 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците санкциониран е еден пешак поради поминување коловоз вон пешачки премин. Во текот на изминатиот ден издадени се 108 мандатни платни налози и 71 возило е подигнато со специјално возило „пајак”.

На 20.11.2019 во 07.40 часот на ул.„Лука Геров“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „ауди А4“, со скопски регистарски ознаки, управувано од И.К.(43) од Скопје, патничко моторно возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.М.(34) од Скопје и патничко моторно возило „фиат линеа“, со скопски регистарски ознаки управувано од Ј.П.(44) од Скопје. Во незгодата било удрено и паркирано патничко моторно возило „цитроен“, со гостиварски регистарски ознаки, паркирано од Ј.Т.(44) од с.Битуше. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот И.К. и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од екипа од СВР Скопје.

Полициски службеници од СВР Битола на 20.11.2019 извршиле контрола за алкохол, брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство. Притоа, констатирано е дека пет возачи управувале возило без возачка дозвола, четири возила биле нерегистрирани, тројца возачи зборувале на мобилен телефон додека управувале возило, а двајца возачи управувале возило под дејство на алкохол и тие се исклучени од сообраќај. За сите неправилности издадени се соодветни налози.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.О.(31) и Б.К.(22), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомневање дека извршиле едно кривично дело „тешка кражба“, при што се стекнале со противправна имотна корист. На 18.11.2019 во периодот од 11.00 до 11.25 часот на паркинг простор на ул.„Њу Делхиска“ пријавените со употреба на сила отвориле патничко возило „форд фокус“, со тетовски регистарски ознаки и одзеле пари од чанта. По преземени мерки, тие биле пронајдени истиот ден и во разговор со полициските службеници го признале делото.

На 20.11.2019 околу 20.30 часот, полициски службеници од Полициска станица Струмица во координација со Регионален центар за гранични работи Исток, во атар на с.Свидовица, струмичко, пронашле 33 мигранти, од кои 21 државјани на Авганистан, седум на Пакистан, три од Иран и двајца од Ирак. Мигрантите биле предадени во Прифатен центар Гевгелија за понатамошна постапка.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ф.Ф.(44) од Куманово поради постоење основи на сомнение дека сторил едно кривично дело „злоупотрена на службена положба и овластување“ и против С.Ѓ.(63) и С.Л.(36) од Куманово поради постоење основи на сомнение дека сториле две кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“. Ф.Ф., поранешен ВД директор на АД „Водостопанство“ Скопје, подружница Водостопанство – „Кумановско – липковско поле“, С.Ѓ., поранешна раководителка на одржување и С.Л., раководител на сектор за финансии и администрација во истото друштво, во текот на 2015 година, без претходно донесена одлука од Одборот на корисници на вода, спровеле постапка за јавна набавка на резервни делови неопходни за одржување на Хидро-мелиоративен систем во вредност од 20.000 евра, за што Ф.Ф. донел одлука за јавна набавка за која обезбедиле средства во висина од 900.000 денари. Постапката за јавна набавка ја спровела С.Ѓ., како претседател на комисијата за јавни набавки, иако немала сертификат за водење на јавни набавки. Притоа, од избраниот најповолен понудувач во два наврати набавиле резервни делови во вкупен износ од 309.377 денари, кои со испратница биле доставени до Водостопанство „Кумановско-липковско поле“, а кои воопшто не влегле во магацинот. С.Ѓ., како раководител на одржување на ХМС изготвила две приемници со невистинита содржина дека наводно резервните делови се примени во магацинот, а С.Л. ги прокнижил приемниците и изготвил две испратници со невистинита содржина. Иако немале вработено магационер, С.Ѓ. во графата внела лажен потпис, односно фалсификувала потпис на еден вработен во двете испратници, дека наводно ги задолжил овие резервни делови. На тој начин го оштетиле Водостопанство „Кумановско – липковско поле“ во вкупен износ од 309.377 денари.

На 20.11.2019 во 19.30 часот во Полициската станица Аеродром, К.Е.(38) од Скопје пријавила дека на ул.„1613“ нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник во пределот на десната нога.

На 20.11.2019 околу 13.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Македонскиот народен театар во Скопје, В.Ч.(35) од Скопје, вработен како светло-техничар, додека изведувал работни задачи, паднал од висина и се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза’’. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 20.11.2019 во 23.50 часот во Полициската станица Драчево, Д.Ф.(30) од Скопје пријавил дека на ул.„Бранко Заревски“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата потколеница.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

75 години од Февруарскиот поход

saso user

Денеска ќе се избере ревизор, пратениците го чуваат името во тајност

saso user

Утре северен ветер со брзина над 90 километри на час

saso user