Спорт

ФИА го истражува системот за гориво Ферари

Контроверзите околу моторот на Ферари не се смируваат, откако од ФИА зеле за анализа дел од системот за гориво СФ90, како и еден на клиентски тим на „скудерија“.

Сомневања околу тоа дали тимот ги крши правилата започнаа после летната пауза кога црвениот тим запиша серија на пол-позиции. Во тоа време, ривалите од Италијанците пишале на ФИА барајќи разјаснување во однос на правилата за моторите.

ФИА објавува техничка директива за ова прашање, подвлекувајќи го член 5.10.5, во која се вели: „кој било уред, систем или постапка што или има за цел да го зголеми протокот на горивото или да складира и рециклира гориво, по точката на мерење, е забранет“. Само една недела подоцна, излезе втората одредба со која се потврдува дека запалива мешавина во системот за ладење на моторот не може да се користи за согорување.

Оттогаш, Ферари не успеаја да ја запишат пол-позиција, а прашањата продолжуваат да висат во воздух. Според германскиот новинар Тоби Грунер, ФИА запленила предмети од системот за гориво на Ферари, од нивниот клиент, како и од друг тим по трката во Бразил. Тие темелно ќе бидат испитани во лабораториите на ФИА.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Даночно ослободување за спортските федерации, клубовите и спортистите

saso user

Објавен е датумот за враќање на Серија „А“

saso user

Типсаревиќ со првата победа на АТП турнир од август 2017 година

saso user