Сцена

Нови гласини за љубовниот живот на Анџелина Џоли, таа наводно е во нова врска

Врската на Бред Пит и Анџелина Џоли е среќна и потоа тажна приказна за таблоиди која никако да заврши. Три години откако поднесоа барање за развод, Анџелина наводно почнала да излегува со друг.

Додека разводот на Бред и Енџи технички сè уште не е финализиран, бидејќи тие не знаат како да го поделат нивниот замок во Франција, „таа повторно излегува и веќе имала неколку средби“, според извор на US Weekly.

Иако изворот не открива со кого излегува, дали тие се сретнале на Tinder или додека се обидувале да го спасат светот. Но сепак, се чини дека не е „ништо сериозно“ во моментов. На крајот на краиштата, „таа е цврсто фокусирана на децата, на нејзината работа, и конечно расчистување на комплицираниот развод“, вели изворот и додава: „Таа не е затворена за идејата да запознае некој нов, но тоа не е нејзин главен приоритет“.

Други извори неодамна тврдеа дека Џоли никогаш нема повторно да се омажи. „Бред вршеше притисок да се венчаат и тоа е нешто што таа никогаш не сакаше да го стори“.

Што се однесува на Бред, се шпекулираше дека започнал врска со Сат Хари Калса, дизајнерка на накит. Ако не го следите љубовниот живот на Бред опсесивно како што тоа некои го прават, еве неколку информации: дизајнерката исто така е холистички исцелител, таа и Бред седеа еден до друг на концерт за добротворни цели минатата година, таа беше на премиерата на неговиот филм Ad Astra. Изворот на веста вели дека е можно тие да се само пријатели што заедно се фокусираат на „духовното патување“ на Бред.

Извор: denar.mk

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

„Озборувачката“ се враќа на малите екрани!

saso user

Косово не може да учествува на Евровизија

saso user

Том Круз ги раздели неговите деца од мајка им

saso user