Спорт

Мурињо: Задоволство е да се води клуб како Тотенхем

Новиот тренер на Тотенхем, Жозе Мурињо, изјави дека му е чест и големо задоволство да работи во клуб со големо наследство.

– Задоволен сум што се приклучувам на клубот со толку големо наследство и толку страсни поддржувачи. Квалитетот на тимот и академијата ми предизвикуваат пријатна возбуда. Исто така, јас сум крајно привлечен да работам со фудбалери какви што има Тотенхем – изјави Мурињо.

Премиерлигашот од Лондон склучи договорот за соработка со 56-годишниот специјалист со важност до крајот на сезоната 2022/23.

Последното место на кое работеше Мурињо беше Манчестер јунајтед од каде беше отпуштен во декември 2018 година.

ФОТО: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Шарапова: Нема да се вратам, ветувам!

saso user

Погледнете каков карамбол во трката „Дејтона 500“ (ВИДЕО)

saso user

Мурињо нов тренер на Тотенхем

saso user