Балкан

За 15 дена да се испразнат нелегално окупираните објекти, побара грчкото Министерство

Се повикуваат сите оние кои нелегално окупирале објекти, јавни или приватни, да ги испразнат, пишува на почетокот од соопштението – повик од Министерството за цивилна заштита на Грција во врска со објектите што се по опсада, давајќи им временски рок од 15 дена, јави дописничката на МИА од Атина.

-Се повикуваат сите оние кои нелегално окупирале објекти, јавни или приватни, да ги испразнат. Ако во нив се сместени баратели на азил или државјани на трети земји, да се информираат дека ќе бидат пренесени и сместени во центри во земјата. За нивното префрлање, со нив ќе контактираат надлежните служби од Министерството за цивилна заштита. Ако зградите се приватни, за да останат ќе треба да стапат во контакт со сопствениците и да се договорат за закупни услови. Крајниот рок за напуштање е 15 дена по објавувањето на ова соопштение во медиумите, пишува во повикот од грчкото министерство.

Од крајот на август годинава, грчката полиција спроведе низа акции за празнење на објекти под опсада и досега интервенираше во 12 згради во кои беа пронајдени над 500 лица, поголемиот број од нив бегалци и мигранти.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Српски „Блиц“: Газдата на „Нефа“ итно заминал во Русија „поради технички преглед на автомобилот“ (ВИДЕО)

saso user

Непријатен пречек на „Open arms“ на грчкиот остров Лезбос

saso user

Загинаа петмина при пожар во Анкара

saso user