Свет

Британскиот принц Ендру се повлекува поради афера

Британскиот принц Ендру објави дека се повлекува од јавниот живот, наведувајќи дека контроверзиите околу неговиот непромислен однос со американскиот финансиер Џефри Епстајн, кој беше осуден за педофилија, му предизвика големи проблеми на кралското семејство.

Ендру изјави дека „се откажува од сите свои јавни должности во догледна иднина“.

Принцот, исто така, побарал од мајка му, кралицата Елизабета Втора, дозвола да се повлече.

Обидите на британскиот принц Ендру да ги разјасни неговите пријателски односи со Епстајн во интервјуто кое го даде за Би-Би-Си пред неколку дена, предизвика многу негативни реакции.

Тој во интервјуто првпат одговараше на прашањата за врските со осудениот педофил Епстајн пти што призна дека било грешка што престојувал во неговата куќа.

Принцот Ендру, во едно од ретките интервјуа за Би-Би-Си, категорично ги отфрли обвиненијата дека имал сексуален однос со американската Вирџинија Робертс, која го обвини за сексуална злоупотреба кога била малолетна.

Повеќечасовното интервју веднаш стана ударна тема на социјалните медиуми и предизвика бројни реакции, од кои малку беа за поддршка на принцот.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Путин: Трамп ќе остане на претседателската функција

saso user

Шокантно предупредување од ФБИ: Паметните телевизори ве шпионираат, хакерите можат да ви видат сè дома!

saso user

Почина еден од најстарите преживеани американски војници од нападот на Перл Харбор

saso user