Балкан

Хрватите имале подрум за мачење мигранти, се претепувале и деца

Хрватските власти ги кршат човековите права на мигрантите и спроведуваат системско насилство над нив, се посочува во најновиот извештај на мрежата невладини здруженија Бордер вајленс мониторинг нетворк (БВМН), која се занимава со правата на бегалците и мигрантите.

Во извештајот за октомври 2019 година се посочува дека во тој месец е евидентиран „голем број исклучително брутално системско насилство и инциденти на полициско насилство“, јави хрватскиот портал „Индекс“.

БВМН тврди дека постои подрум на граничниот премин Бајаково, каде хрватската полиција ги претепува мигрантите.

– Во тој подрум, службеници од хрватската гранична полиција со раце и со палки тепале малолетници, од кои некои биле стари само 12 години. Едно сведочење ја опишува просторијата со големина од два на четири метри квадратни, а до неа се доаѓа по скали, кои водат под просториите на граничниот премин – се вели во извештајот.

За време на престојот во подрумот на Бајаково мигрантите немаат право на тоалет ниту пристап до вода или храна, а ускратено им е и правото на барање азил, се тврди во извештајот. Еден 16-годишен Авганистанец опиша дека во тој подрум бил држен повеќе од еден час, каде со тепале со боксови и пендраци. На еден малолетник, хрватската полиција користела електрошокер и го удирале од ѕидот на подрумот, тврди БВМН.

Во извештајот се истакнува и дека хрватската полиција сè повеќе користи слекување на мигрантите, како уште еден начин на злоставување. Со доаѓањето на зимата и студеното време, таквата тактика станува посебно опасна, бидејќи може да доведе до хипотермија, како и до повреди на рацете и нозете посебно кога полицијата ги принудува мигрантите босоноги да чекорат по студени реки – што е забележано како честа пракса. БВМН нагласува дека во хрватското законодавство постои можност полицијата да спроведе слекување на осомничениот, но само во случаи кога трага по скриено оружје.

Забележани се и два случаи во кои хрватски полицајци, откако на фатените мигранти им наредиле да се слечат голи, со пендраците им ги допирале гениталиите и на тој начин сексуално ги злоставувале и понижувале.

Во извештајот се наведуваат и докази за постоечката пракса за кршење на мобилните телефони на мигрантите, а хрватските закони директно се кршат и кога на мигрантите им се оневозможува правото да побараат азил.

БВМН потенцира дека и покрај насилното и назаконско однесување на полицијата, Хрватска добила „зелено светло“ за влез во Шенген-зоната. Во текот на октомври, хрватската полиција во илегално системско насилство протерала најмалку 464 а најмногу 607 мигранти, зависно од изворите. Повеќето од мигрантите се илегално протерани во БиХ, но и во Србија.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

На водителка ѝ испадна забот среде емисија, таа го бараше по подот ВИДЕО

saso user

Од 1 јануари почнува транзитната испорака на природен гас од „Турски поток” кон Грција и Македонија

saso user

Пленковиќ ги претстави четирите приоритети на хрватското претседавање со ЕУ

saso user