Сцена

Јоксимовиќ откри како го освоила Јована: Имаше супер бесен автомобил, а во него мое ЦД

Српскиот кантавтор Жељко Јоксимовиќ е во среќен брак со убавата српска водителка Јованa, а сега открил што пресудило за да се вљуби во неа.

– Кога се запознавме, Јована еднаш ме возеше, имаше некој супер бесен автомобил и тоа е ексклузивно за вас. И таа така ме вози, и јас само онака ја отворам фиоката за да видам што има напред и, се разбира, имаше некои „дивјаци“, ЦД-а на кои не пишуваше ништо и, се разбира, моето ЦД. Тоа беше пресудно! Извесно време се двоумев, но кога го видов ЦД-то, тоа беше сигурно – рекол Жељко за српски „Телеграф“.

Јована признала дека обожава музика, но дека баш и нема слух.

– Децата се на Жељко – заклучила таа.

Јована и Жељко ја започнаа својата врска во февруари 2011 година, а се венчаа веќе на почетокот на следната година на Малдиви. Имаат три деца: синот Коста и близначките Ана и Срна.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

„Ај Кју“ го продава евровизискиот костим за 5.000 долари, за кој ја добија наградата – најлошо облечени ФОТО

saso user

Поранешната сопруга на Џони Деп е во врска со жена која е тешко болна ФОТО

saso user

Со помош на донор: Славната пејачка првпат ќе стане мајка во 45. година ФОТО

saso user