Македонија

Стејт департментот: Помпео разговараше со францускиот министер за зачленување на С.Македонија во ЕУ

Американскиот државен секретар Мајк Помпео и францускиот министер за надворешни, Жан-Ив Ле Дриан, на маргините на министерскиот состанок на Глобалната коалиција за пораз на исламската држава, изразија поддршка за членство на Севрна Македонија во ЕУ, соопшти викендов Стејт департментот.

Освен за напорите за траен пораз на ИД, тие разговарале и за важноста на НАТО, за континуираната трансатлантска соработка за одговор на заканите по заедничките безбедносни интереси и за важноста од пристапувањето во ЕУ на Северна Македонија и Албанија.

-Помпео и министерот за надворешни работи Ле Дриан разменија мислења за важноста од пристапувањето во ЕУ на Северна Македонија и Албанија, за поддршката на Украина и за одговорноста на Иран за тековните провокации, се вели во соопштението од Стејт Департментот.

Државниот секратар ја искажал цврстата посветеност на Администрацијата во НАТО алијансата.

Глобалната коалиција за пораз на ИД е формиарана во 2014 година и вклучува средби на таканаречената Мала група за Сирија, во која учествуваат Франција, Велика Британија, Германија, САД, Саудиска Арабија, Јордан и Египет.

Во заедничка изјава се укажа дека групата дава цврста поддршка за Геир Педерсен, специјален претстваник на ОН во Сирија, за имплементација на резолуцијата 2254 на Советот за безбедност на ОН за запирање на насилствата во оваа земја.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Интернист од Марибор ќе им помага на докторите на Инфективната клиника

saso user

Спасовски до ИВЗ: Подготвени сме за дијалог, но не прифаќаме уцени

saso user

Палмер очекува овој месец Европскиот совет да ја исправи грешката од октомври

saso user