Сцена

Синот на кралицата Елизабета Втора: Немав секс со малолетната Американка

Британскиот принц Ендру првпат во интервју за Би-Би-Си, одговори на прашања во врска со врските со осудениот педофил Џефри Епстајн, во кои призна дека било грешка што престојувал во неговата куќа.

Во едно од ретките интервјуа синоќа, принцот Ендру категорично ги отфрли обвинувањата дека имал сексуални односи со Американката Вирџинија Робертс, која го обвини за сексуална злоупотреба во време кога била малолетна. Таа тврди дека тоа се случило трипати во 2001 и 2002 година кога имала 17 години – во Лондон, Њујорк и на приватниот остров на Епстајн во американските Девствени Острови.

– Тоа не се случи. Јас категорично можам да ви кажам дека такво нешто не се случило – изјави принцот Ендру, истакнувајќи дека не се сеќава дали некогаш ја сретнал неа.

Принцот Ендру со месеци е под притисок поради врските со Епстајн, 66-годишен американски финансиер, кој, откако беше обвинет за сексуално злоставување малолетни лица, се самоуби во август во затвор во Њујорк.

Во 2010 година, принцот Ендру, третото дете на кралицата Елизабета Втора, беше фотографиран како шета со Епстајн во њујоршки парк, две години откако финансиерот беше осуден за подведување малолетничка.

Photo: EPA

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Лепа Брена му се развика на обожавател среде концерт ВИДЕО

saso user

Ќерката на Брус Ли се скара со Тарантино

saso user

Поранешниот свршеник на Беквалац чека дете со Латиноамериканка ФОТО

saso user