Бизнис

Саудискиот нафтен гигант Арамко проценет на 1.700 милијарди долари

Саудиска Арабија ја процени државната нафтена компанија „Арамко“ на околу 1.600 до 1.700 милијарди долари.

Компанијата објави ажуриран проспект на својата иницијална јавна понуда (ИПО), во која се бара повеќе од 25 милијарди американски долари за продажба на 1,5 проценти од акциите на компанијата.

Со тоа потенцијално би можело да биде најголемата јавна понуда во светот, од најпрофитабилната компанија во светот, јави Би Би Си.

Проценката на вредноста е помала од 2.000 милијарди американски долари, колку што сакаше да постигне престолонаселедникот Мохамед бин Салман.

Во денешното соопштение се вели дека големината на основната понуда ќе биде 1,5 проценти од акциите на компанијата,а цената ќе биде одредена на 30 до 32 саудиски ријали (8,0 до 8,5 долари). Со тоа, доколку се добие горениот опсег на цени, иницијалната јавна понуда може да биде 25,60 милијарди американски долари.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Се преговара за квота за извоз на јагнешко месо на турскиот пазар

saso user

Минималната пензија во Бугарија порасна на 130 евра

saso user

Заживува изградбата на „Чебрен“, тендер до крајот на годината

saso user