Македонија

Ременски поднела претставка до МВР за полицајците кои го вршеле претресот во нејзиниот дом

До внатрешната контрола на МВР во изминатите дваесетина дена стигнала претставка од пратеничката и сè уште потпретседателка на Собранието Фросина Ременски, која исто така е осомничена во случајот Рекет за активностите на Меѓународниот сојуз.

Ременски се жалела за постапувањето на полицајците кои по налог на обвинителсвото вршеле претрес во нејзиниот дом, јавува Телма ТВ.

Во домот на Ременски, како што беше објавено пред неколку дена, обвинителството вршело претрес и пронашло доверливи документи.

Подоцна оваа информација ја потврдија и од Обвинителството.

– При претрес на домот на осомниченото лице се пронајдени документи и за нив се известени институциите од каде што документите потекнуваат и кои се надлежни за преземање на понатамошна постапка. Документите што ги наведувате во вашето прашање не се пронајдени при претресот – одговорија оттаму.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Извадок билтeн на настани на МВР на РСМ за ден 29.03.2019 година

saso user

Сакал брзи пари, ама брзо го фатиле

saso user

Извадок на настани на МВР за ден 21.06.2019 година

saso user