Сцена

Пејачката се изморила: 2020. ја посветувам на своето семејство

Пејачката Пинк во изминатиот период работела прилично напорно и изгледа дека ќе паузира во 2020 година.

Зборувајќи за „Ентертејмент тунајт“ на црвениот тепих на доделувањето на наградите „Кантри мјузик асосијешн“, на Пинк ѝ се придружиле нејзиниот сопруг Кери Харт како и нивните деца.

Пинк во оваа прилика ја извела својата песна „Love Me Anyway“ со Крис Стејплтон, по што изјавила дека брзиот и зафатен начин на живот ѝ здодеал.

– Јас интензивно работев повеќе од две и пол години. Во тој период, мојата ќерка тргна на училиште, а синот е на предучилишна возраст. Мислам дека 2020 година ќе ја резервирам за семејството – рекла Пинк.

Ѕвездата го пофалила и својот сопруг со кој ќе прослави 14 години брак во јануари.

„Тој е супер поддршка. Ме следи насекаде низ светот и сега е ред да му се оддолжам – изјавила пејачката.

Според „Билборд“, нејзината турнеја насловена „Beautiful Trauma Tour“ се најде на 10. место на најуспешни турнеи во историјата со најголема заработка на сите времиња, заработувајќи повеќе од 397 милиони долари.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Поради Натали Портман, Моби ја откажа промоцијата на мемоарите

saso user

Славни личности кои се борат со ХИВ и сида, а некои од нив умреле од болеста ФОТО

saso user

Децата на Шабан Шаулиќ уште не можат да го видат телото на татко им

saso user