Сцена

На Балашевиќ му вградиле стентови, неговите деца се огласија по операцијата на татко им ФОТО

Кантавторот Ѓорѓе Балашевиќ (66) доживеа инфаркт во петокот, после што беше опериран и му вградиле два стента.

Ѓорѓе Балашевиќ ќе престојува во болница неколку дена бидејќи ова е стандардна процедура за вакви операции.

„Добро ја поднесе операцијата, се чувствува добро, на интензивна нега е и забранети се посети“, изјавил извор за „Блиц“.

Ѓорѓе Балашевиќ успешно закрепнува откако завчера беше опериран на Институтот за кардиоваскуларни болести во Сремска Митровица, а сега по овој повод се огласила и неговата ќерка Јована, пишува српски „Блиц“.

Јована Балашевиќ им се заблагодарила на сите на грижата и на пораките со поддршка и порачала дека нејзиниот татко сега се чувствува добро.

„Им благодарам на сите на пораките со поддршка и на убавите мисли. Тато е добро“, напишала Јована на Инстаграм.

За сите што прашуваат како е мојот татко… Тој порачува дека можеби дури и ќе се бори на мегдан како што се чувствува“, напишал Алекса Балашевиќ покрај фотографијата на својот татко кој боксува.

 

Jovana Balašević

ФОТО: Инстаграм/Принтскрин

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Борисов си ги „измери“ силите со Сталоне во Бугарија ФОТО

saso user

„Озборувачката“ се враќа на малите екрани!

saso user

Ова е „мистериозното момче“ на Адел, и тој има сопруг ФОТО

saso user