Свет

Дете чудо: Има девет години и до крајот на 2019 ќе дипломира, па потоа оди на докторат

Детето чудо од Белгија има само девет години, а студира електротехника и планира да дипломира на Универзитетот за технологија во Ајндховен до декември, на студиите што ги запишал лани!

Потоа вундеркиндот Лорен Симонс планира да продолжи со докторски студии по електротехника, а истовремено ќе студира медицина, изјавил татко му Александер за Си-ен-ен.

Родителите на Лорен мислеле дека баба му и дедо му претеруваат кога им рекле дека момчето е надарено, но набрзо неговиот учител ги разубедил.

Тие го тестирале исцрпно во потрагата по границите на неговиот талент и им рекле на родителите дека е како сунѓер кој впива неверојатна количина информации, и тоа многу брзо.

Родителите на Лорен, Лидија и Александер, се лекари,но сè уште нема објаснување зошто е толку надарен. Универзитетот му дозволи да ги заврши студиите порано од другите студенти.

Сјоер Хулшоф од Универзитетот вели дека Лорен, едноставно, е извонреден.

„Лорен е најбрзиот студент што сме го имале. Не само што е хиперинтелигентен, тој е исто така многу сочувствителен“.
Неговиот коефициент на интелигенција, како што пренесува „Индепендент“ е најмалку 145. Менторот на Лорен рекол дека момчето е три пати поинтелигентен од неговиот следен најпаметен ученик.

Неговиот напредок, се разбира, не остана незабележан, па веќе го бараат престижни универзитети ширум светот, но семејството на Лорен допрвин треба да каже кои понуди ги имаат предвид за неговиот докторат.

Универзитетот исто така му овозможил на Лорен да ги заврши студиите побрзо од останатите студенти. Лорен вели дека ужива во играта со своето куче Семи и игрите на својот телефон, токму како и другите деца.

Сепак, за разлика од останатите деветгодишни деца тој веќе разградил што сака да работи во животот – а тоа е да се занимава со развојот на вештачките органи.

ФОТО: SPIEGEL TV / YOUTUBE

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Претседателот на Казахстан поднесе оставка

saso user

Ученици од повеќе од 1000 градови ќе протестираат против климатските промени

saso user

Во Холандија уапсен поранешен командант на сирискиот Фронт ал Нусра

saso user