Свет

Демонстрантите со стрела погодија полицаец во Хонг Конг

Полициски службеник во Хонг Конг денеска бил погоден од стрела кога полицијата употребила солзавец и водени топови во обид да ги растера демонстрантите кои го окупираат кампусот на универзитетот.

Фотографиите, објавени на Фејсбук страната на полицијата, покажуваат дека стрела погодила полицаец во долниот дел од ногата, по што тој е префрлен во болница.

Демонстрантите одбија да се повлечат, иако камиони со водени топови, во обид да се приближат до демонстрантите, ги преминуваа циглите што тие ги поставија.

Демонстрантите започнаа да се повлекуваат во Политехничкиот универзитет дури кога се смрачи, стравувајќи дека ќе се најдат во замка бидејќи полицијата употреби солзавец и им пристапи на спротивната страна.

Политехничкиот универзитет во Хонг Конг е еден од бројните универзитетски кампуси, кои во последната недела се користени како места за собирање на демонстрантите.

Демонстрантите од покривот на универзитетот ја гаѓаа полицијата со стрели и молотови коктели.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Вечерва дебата на шесте водечки кандидати за нов претседател на Европската комисија

saso user

Чавушоглу: Нема договор за одложување на набавката на С-400

saso user

Каква иднина за Украина договорија Путин и Зеленски?

saso user