Македонија

Ганка Цветанова: Што е разликата меѓу Голема Албанија, Голема Србија и Macedonia the GReat?

Политичарката и поранешната министерка за култура, Ганка Цветанова, се огласи со коментар на социјалните мрежи за слоганот „Macedonia the GReat“, кој го промовираше грчкиот премиер, Кирјаков Мицотакис.

„Што е разликата помеѓу концептот на Голема Албанија, Голема Србија и грчкиот слоган „Macedonia the GReat“? Нема разлика. Сите три концепти почиваат на иредентистичка идеологија“, напиша Цветановска на Твитер.

Ganka Cvetanova@gankacv

Што е разликата помеѓу концептот на Голема Албанија, Голема Србија и грчкиот слоган „Macedonia the GReat“? Нема разлика. Сите три концепти почиваат на иредентистичка идеологија.

View image on Twitter
58 people are talking about this

Здружението на извозници на Грција, пред три дена во Солун, во присуство на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис ги промовираше оваа ознака и слоган со кои грчките производи ќе бидат проследени на меѓународно ниво. Нови колективни трговски ознаки за грчките производи од грчката област Македонија се слоганот „Macedonia the GReat“, со потенцирани букви ГР како кратенка за Грција и буквата „М“ како ознака, испишани со бело на сина позадина.

По презентацијата, грчкиот премиер рече дека новата колективна ознака „отсега, па натаму ќе ги придружува македонските производи и услуги низ целиот свет“.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Годинава две нови вакцини против пневмокока и рота вирус

saso user

Инженерискиот баталјон ќе добие 15 нови машини

saso user

Владата предлага закон за отпис на каматите на долговите дадени на извршување

saso user