Свет

Бабиш: Жалам што бев комунист

Чешкиот премиер Андреј Бабиш изрази жалење што бил член на Комунистичката партија, за време на свечената комеморација по повод 30-годишнината од „Кадифената револуција“ во Прага, со која беше урнат комунизмот во тогашната Чехословачка.

– Како што сигурно знаете, јас бев член на Комунистичката партија. Со тоа не се гордеам – рече Бабиш на церемонијата на која присуствуваа неговите унгарски, полски и словачки колеги, како и претседателот на германскиот парламент Волфганг Шојбле.

– Не бев храбар и ангажиран после Вацлав Хавел – рече тој.

– Денес сум овде, како премиер избран на слободни и демократски избори. Значи, барем сега, сакам да изразам благодарност и понизност – рече Бабиш, заблагодарувајќи им се на оние што ги започнаа протестите во 1989 година.

Бабиш го обвинуваат за корупција, поради што речиси 250.000 луѓе протестираа вчера во Прага, барајќи негова оставка.

Неговата малцинска влада зависи од поддршката на комунистичките пратеници.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Дали нула-отпад продавниците за храна се новиот начин на купување?

saso user

Уплатил добитно ливче со сите шест броеви на лото, но не добил ништо

saso user

Токио протестира поради инцидентот меѓу Москва и Сеул

saso user