Здравје

Што е поздраво? Цело јајце, жолчката или само белката?

Ако изедете цело јајце, не го зголемувате ризикот од срцеви болести, всушност, многу е поопасно по здравјето ако не ги јадете.

Во едно истражување, прикажана е анализа на податоци од дури 21 различни студии, кои покажуваат дека „заситените маснотии“ не се поврзани со зголемен ризик од срцеви болести, мозочен удар или коронарни болести на крвните садови.

Магазинот „Тајм“ го побил аргументот од 1984 година кога се тврдело дека јајцата, односно само жолчката и другата храна која содржи маснотии е опасна.

Јајцата се голем извор на витаминот А, кој е добар за кожата, витаминот од групата Б за енергија и колин, кои подразбираат поздрав мозок, мускули и е неопходен за здрава бременост.

Белките имаат пониска нутритивна вредност

Ако се одлучите да консумирате исклучиво само белка, може да го доведете организмот во состојба на недостаток на биотин. Белката содржи авидин, супстанција која се врзува за биотинот. Па така, доколку не консумирате и жолчка, авидинот од белката ќе се врзе за биотинот од организмот со што може да доведе до недостаток на истиот.

Жолчката не го зголемува холестеролот
Овој мит е целосно неточен, иако многумина сѐ уште веруваат во него. Научно е докажано дека една или две жолчки не влијаат на нивото на холестеролот во крвта. Стручниот магазин „Бритиш медикал журнал“ докажал дека консумирањето на жолчката не е поврзана со зголемен ризик од мозочен удар или срцеви заболувања.

Заситените масти од жолчката се неопходни за производство на хормонот за способноста на телото да апсорбира витамини и минерали. Затоа, јадете го целото јајце без да се грижите дека ќе му наштетите на вашиот организам.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Која храна треба да ја избегнувате во лето?

saso user

Авокадо на нови начини

saso user

Еректилната дисфункција може да сигнализира сериозна болест!

ohrid_user