Балкан

Уапсен најбараниот хрватски бегалец

Министерството за внатрешни работи на Хрватска во соработка со единица од Србија и Полициската управа на Нови Сад успеа да го лоциран еден од најбараните хрватски бегалци Бојан Драгичевиќ. Тој бил уапсен во четвртокот во Нови Сад, соопшти денеска хрватското МВР.

Драгичевиќ во 2005 година, за помалку од еден месец, со група соработници двапати ограбил иста банка во Шибеник со помош на пластичен пиштол. По двете разбојништва успеал да побегне и се криел до 2012 година, кога по седум години бегство бил уапсен во Босна и Херцеговина и екстрадиран во Хрватска.

Судот го осуди на затворска казна од четири години и два месеца. По година и пол успеал да побегне од најстрого чуваниот дел на затворот, но истиот ден бил пронајден и вратен на издржување на казната. Во април 2014 година преместен е во затворот во Пула, од каде по само четири месеци побегнал со прескокнување на шидот. ОПттогаш беше во бегство.

Овој бегалец се наоѓа на Европската листа на најбарани од 2016 година, односно од составувањето на листата каде се објавени имињата на најбараните криминалци во Европа, со оглед дека станува збор за исклучително опасен и насилен бегалец.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Два силни земјотреса утринава во Турција, околу Анкара

saso user

Турција го повика американскиот амбасадор на разговор, САД го признаа геноцидот врз Ерменците

saso user

Гори на Тасос, четири активни пожари во Грција

saso user