Здравје

Седум работи кои не треба да ги правите ако се здебелите

На секој може да му се случи да накачи некое килце и тоа е нормално. Со редовно вежбање и правилна исхрана ќе успеете да се вратите на старата килажа. Но, овие работи немојте никако да ги правите

Не прескокнувајте оброци
Прескокнувањето на оброци нема да ви помогне да ослабете. Испитувањата покажале дека редовната исхрана помага во стабилизирањето на шеќерот во крвта и спречува да јадете неквалитетна храна.

Немојте да се казнувате
Немојте да стоите пред огледалото и да си зборувате дека сте дебели. Истражувањата покажале дека луѓето кои не се обвинуваат дека се здебелиле, успеаваат побрзо да ослабат. Ако имате добро мислење за себе, нема да јадете поради збунетите емоции.

Немојте опсесивно да ја мерите тежината
Ако сакате да ослабете на здрав начин, морате да бидете трпеливи и да останете доследни на вашиот режим на исхрана и вежбање, да спиете доволно и да внимавате на нивото на стресот. Не треба да губите повеќе од еден килограм неделно, а треба да запамтите и дека тежината ќе ви варира со оглед на количината на вода која ја внесувате и со оглед на нивото на хормоните.

Не претерувајте со вежбањето
Почнете полека и придржувајте се до распоредот на вежбање. Ако сте премногу амбициозни, може да ви се чини дека се е потешко отколку што изгледа, па ќе се откажете. Бидете реални. Ако премногу вежбате, повеќе ќе јадете и можно е уште повеќе да се здебелите.

Не ја игнорирајте гладта
Научете да обрнете внимание на тоа што ви го кажува телото. Ако јадете само кога навистина чувствувате глад, нема да се прејадете и ќе научите како на вистински начин да се заштитите. А кога јадете, јадете полека, бидејќи на мозокот му треба време за да стигне информација дека сте сити. И престанете кога сте сити, не морате да изедете се од чинијата.

Не се фокусирајте на она што не можете да го јадете
Зошто да размислувате за она што не можете да го јадете кога сигурно има вкусни и добри работи и меѓу оние кои можете да ги јадете.

Не се откажувајте
Поставете си пред себе мали, но достижни цели. Кога ќе видите дека сте способни и можете да ги достигнете, ќе бидете по мотивирани. Останете позитивни.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Овие 10 производи ја влошуваат егземата

saso user

Ве мачи синусна инфекција? Овие се најдобрите народни лекови

saso user

Три причини зошто ве боли за време на сексот

saso user