Бизнис

Меѓународен натпревар со 250 пчелари, ќе се доделуваат медали за квалитет на медот

Cвечена церемонија за доделување медали од Првиот меѓународен натпревар за квалитет на медот „Tetovo honey award 2019“ ќе се одржи денеска во просториите на Општина Тетово.

На натпреварот учествувале околу 250 пчелари од 15 европски и балкански држави.

На настанот ќе присуствува министерот за земјоделство, шумарство и водостпанство Трајан Димковски и градоначалничката на Општина Тетово Теута Арифи.

Настанот е во организација на Здруженијата на пчелари „Градот на пчелите“ и „Полошки мед“ од Тетово, а финансиски е поддржан од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, преку мерката за техничка поддршка во земјоделството и руралниот развој.

 

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

ои автомобили се најмалку штетни за животната средина?

saso user

Нема стари јајца, месо и ќебапи за Велигден, најавени засилени контроли

saso user

Уште 421 лице ќе се самовработи со пари од државата

saso user