Спорт

Заканувачкото писмо со куршум било до Интер, не до Конте

На тренерот на Интер, Антонио Конте му е назначена полициска заштита откако добил заканувачко писмо со куршум во поштата. Ова стана јасно порано денес, но дополнителни информации беа дадени од „нероазурите“.

Клубот од Серија „А“ издаде соопштение за локалната новинска агенција „Анса“, во кое се вели дека „писмото пристигнало во клубот, а не лично кај тренерот“.

– Во врска со вестите објавени денес, Интер сака да соопшти дека Антонио Конте не добил никакви заканувачки писма и, како последица на тоа, не отишол лично да подаде жалба. Клубот го доби писмото и, како што е случајот во слични ситуации, контактираше со надлежните органи. Започната е истрага за случајот, додека Конте има полициски надзор пред неговиот дом и на теренот за тренинзи на Интер – јави „Газета Дело Спорт“.

Во меѓувреме, сопругата на Конте, Елизабета Мусарело, на социјалните мрежи го напиша следново: „Во интерес на вистината: Приказната за куршумите е фикција!“

Конте му се придружи на Интер во текот на летото и италијанскиот клуб моментно заостанува бод од неговиот поранешен клуб Јувентус во Серија „А“. 50-годишниот стручњак ги однесе „бјанконерите“ до три последователни титули во лигата (помеѓу 2012-14) пред да стане селектор на Италија.

Тој исто така помина две сезони водејќи го Челзи, освојувајќи ги Премиер лигата и ФА Купот за време на неговиот претстој на „Стемфорд Бриџ“.

Конте го замени Лучано Спалети на кормилото на Интер кој ги доведе „нероазурите“ во топ 4 минатата сезона

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Халеп и Квитова со шанси да ја симнат Осака од врвот на ВТА листата по турнирот во Штутгарт

saso user

Врати се во игра! – Од септември Бизнис 3х3 Баскет

saso user

Кадетите завршија на 13-то место на СП по победата над Аргентина

saso user