Спорт

Вардар убедливо поразен од Кјелце во ЛШ

Европскиот ракометен шампион Вардар доживеа тежок пораз на гости кај Кјелце со 35-25 (17-14) во дуел од осмото коло од Лигата на шампионите.

Иако имаа доста проблеми со составот, вардарци се држеа добро во првото полувреме и го завршија со 3 гола негатива. Падот во играта беше евидентен во второто полувреме, кога домаќинот го засили ритамот.

Полјаците го имаа одличниот Волф на голот, а на десетина минути пред крајот поведоа со 28-21, разлика која докрајот ја зголемија на +10 за конечни 35-25.

Дибиров заврши со 9 гола кај скопскиот тим, додека за победниците Каралек и Карачиќ се истакнаа со по шест гола.

На табелата води Кил со 13 бодови, следуваат Веспрем и Кјелце со 10, додека Монпелје и Вардар освоија 9 бодови, но Французите имаат натпревар помалку.

Следен дуел за „црвено-црните“ во најпрестижното ракометно натпреварување во Европа ќе биде на гости кај Мешков Брест.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Сити го надмина Реал по трошење пари за трансфери

saso user

Моратa: Сакам мојот прв гол да биде пред навивачите на Атлетико

saso user

Македонската репрезентација може да игра на ЕП во најсилната група

saso user