Спорт Топ вести

Шахистите на Алкалоид со максимална победа во петтото коло на Европскиот Клупски Куп 2019

Алкалоид со максимален резултат 6:0 ја совлада екипата од Швајцарија „Zurich Schachgesellschаft“. Во овој меч шахистите на Алкалоид покажаа најсигурна игра досега и на ниедна табла не им дозволија на противниците да одземат некој поен.

Мамедјаров повторно демонстрираше висока класа и ја искористи малку пасивната игра на својот противник за да освои цел поен. Андреикин успеа да ја прекине серијата реми, овојпат не ја испушти остварената предност, а со тоа и цел поен. Најбрзите победи во мечот ги постигнаа Шанкланд и Криворучко. Ковалев ја оствари четвртата победа на турнирот, и на крајот Инаркиев го оформи конечниот резултат во мечот 6:0.

По петото коло, во водство е екипата “Obiettivo Risarcimento” Падова, Италија со максимални 10 меч бодови. Ја следат “Medny Vsadnik” Петербург Русија и “Sk Joly Lysa nad Labem” од Чешка со по еден бод помалку. Алкалоид моментално е на делба на четвртото до 10 место со 8 бода.

Во шестото коло, ШК Алкалоид за противник го има првакот на Чешка “Sk Joly Lysa nad Labem”, а “Obiettivo Risarcimento” игра против “Medny Vsadnik”.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Уапсен државниот секретар во Министерството за информатичко општество

saso user

РЕКЕТАРСКАТА ДРУЖИНА НА КОКИ ПАДНА НА НАЛУДНИЧАВИОТ САШЕ ИВАНОСКИ

saso user

Пиоли: Пеналот во првиот меч се покажа како пресуден

saso user