Спорт

Црна Гора изгуби на Вембли со 7:0

Тренерот на Англија, Герет Саутгејт не го криеше задоволството по победата на „Вембли“ со 7:0 над Црна Гора. Тоа беше успехот што го запечати пласманот на Британците за завршницата на ЕП 2020.

– Игравме комбинирано, добро си подававме и ладнокрвно ги завршувавме ситуациите, што ги создававме. Во минатото, имавме проблеми против екипи кои се аутсајдери и делуваат многу дефанзивно. Но, сега имаме играчи способни да се справат со секоја одбрана. Ја освоивме нашата група без многу стрес. Секако, има работи што треба да ги подобриме. Играта без топка е меѓу нив. Важно е дека работиме и се стремиме да се развиваме постојано, изјави англискиот ментор.

Во последниот квалификациски дуел, „трите лава“ ќе го посетат Косово во натпревар, кој нема важност за двете екипи.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Реал за прв пат во 21. век загуби 17 натпревари во една сезона

saso user

Зидан: Модриќ не ја заслужува Златната топка? Жал ми е за луѓето што го зборат тоа

saso user

Лејкерси поразени од Клиперс, Леброн го пропушта плејофот за прв пат по 15 години

saso user