Македонија Топ вести Урбани вести

(ФОТО) „ШВАЛЕРСКО-ШВЕРЦЕРСКИ“ ВЛЕЗ ВО ОПШТИНА ОХРИД, СОКРИВА МНОГУ НЕШТА, ДОЗНАЈТЕ!

Општина Охрид има еден званичен, а повеќе незванични влезови. Исто така Општина Охрид има и посебен дел, ВИП Гаража, која е намената за чување на службените возила. Гаражата е софистицирано опремена, поседува видео мониториг, централна електирчна врата, со далечински управувач, кој го поседуваат дел од шоферите во Општина Охрид, но за жал, честа или привилегија да имаат влез од подземнaта гаража имаат и поединци, обични граѓани, на кој некој за нечии потреби или цели, им дал пристап, онаму каде што не смeат ниту да помислат.

Подземнaта гаража, има лифт, кој води директно на спратот каде е сместен кабинетот на Градоначалникот, но и на вториот кат на Општина Охрид, каде се сместени дел од службите.

Подземнатa гаража  или како популарно ја нарекуваат „Швалерско-Шверцески влез“, има свои бенифицирани клиенти.

Од приложената фотографија, јасно се гледа Наставник RiceNikole Ристо Николески, како си ја користи служената подземна гаража на Општина Охрид, за негови лични потреби, придружуван со уште една личност од редовите на СДСМ. Ниту Наставник RiceNikole Ристо Николески, не се вработени во Општина Охрид и, нејасно е како ова лице поседува далечински управувач од подземната гаража на Општина Охрид, кој злоупотребил службена положба и овластувања, да му даде непречен 24/7 влез во општинските простории на лицето Наставник RiceNikole Ристо Николески?!

ШКОДА KAROQ SCOUT ОД 32.557 € НАБАВИЛА ОПШТИНА ОХРИД ЗА  RiceNikole РИСТО НИКОЛЕСКИ ?!

Во гаражата на Општина Охрид, донесено е набавеното возило ШКОДА KAROQ SCOUT, кое на пазарот има цена од 32.557 Евра! Набавката на ова луксузно возило се држи во тајност. Станува збор за возило од високо – луксузна класа, истото комплетно опремено и спаѓа во оние возила што се копмплетно „паметно’ опремени. Како што дознава редакцијата ОхридСкај, ваквото луксузно возило ќе го управувал Заменик Градоначалникот RiceNikole РИСТО НИКОЛЕСКИ, за негови потреби, во неговите егзотични патувања кон „Зелената Долина“?!

Како што дознаваме и возилото кое го управува моментално RiceNikole РИСТО НИКОЛЕСКИ  Шкода Oktavia  со регистарски ознаки BT 6183 AD, e во сопственост на фирмата „ЈОСИФОВ“ ДООЕЛ Битола, додека и суперлускузното ново набавено возило на Општина Охрид, ШКОДА KAROQ SCOUT, исто така е набавено преку фирмата „ЈОСИФОВ“ ДООЕЛ Битола?!

Општина Охрид е‘ должна на граѓаните на Охрид, да им даде одговор, како е возможно лицето  RiceNikole РИСТО НИКОЛЕСКИ, да има непречен влез во подземната гаража на Општина Охрид, со возило сопственост на фирмата добавувач на Општина Охрид  „ЈОСИФОВ“ ДООЕЛ Битола??

Општина Охрид е‘ должна на граѓаните на Охрид, да им даде одговор, како е набавено новото возило ШКОДА KAROQ SCOUT, од фирмата „ЈОСИФОВ“ ДООЕЛ Битола?!

Општина Охрид е‘ должна на граѓаните на Охрид, да им даде одговор, зошто не се пристапи кон спроведување на решението за рушење на диво изградено покровје од над 1000 мкв, во објект сопственост на  „ЈОСИФОВ“ ДООЕЛ Битола во строго заштитено подрачје во елитната населба „Лагадин“ кај Охрид ?!

Општина Охрид е‘ должна на граѓаните на Охрид, да им даде одговор, кој поединци, вклучително и Ристо Николески, а и други се стекнале со материјална корист, на терет на граѓаните на Општина Охрид ….

Продолжува

Сашо Денесовски – Лично

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Ќерките на Гошева, таткото на Јанушев и братучетка на Милошоски вработени со непотизам

saso user

Битолчанецот кој цело лето крадеше во Охрид имал и помошници

saso user

МВР НА РСМ , БИЛТЕН НА НАСТАНИ ЗА ДЕН 29-08-2019 ГОДИНА

saso user