Свет

Суд во Германија ги забрани регистарските таблички „HH 1933“

Виш управен суд во Минстер забрани употреба на автомобилските регистарски таблички со ознака „HH 1933“ (ХХ 1933), бидејќи премногу асоцира на периодот на националсоцијализам и доаѓањето на Хитлер на власт, поради што се коси со правилата за почитување на моралот и обичаите.

– Комбинацијата на бројки и букви, врз основа на општото познавање на историјата, е соодветна за поврзување со националсоцијалистичкиот режим, што се коси со законот за забрана на кршење на правилата за морал и обичаи, се наведува во образложението од Судот.

„ХХ 1933“ асоцијара на националсоцијалистичкиот поздрав „Хајл Хитлер“, a 1933 е годината кога Хитлер, на чело на националсоцијалистите, дојде на власт во Германија.

Судот со тоа ја отфрла тужбата од маж од западногреманскиот град Вирсен, кому надлежната градска служба прво му дала одобрение на тие таблички, но по поплаката од еден граѓанин, го повлече одобрението. Сопственикот потоа се обратил до Судот во Дизелдорф, кој го одбил неговото барање, поради што се обратил и до Вишиот суд во Минстер, кој ја потврди одлуката на пониската инстанца.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Погодена Амбасадата на САД во Багдад, нема жртви

saso user

2.500 куфери останаа на аеродромот во Дизелдорф, патниците полетаа без багаж

saso user

Швајцарски пронајдоци што го променија светот

saso user