Бизнис

Полска нема да купува гас од „Газпром“

Полската државна компанија за гас соопшти дека ја известила руската „Газпром“ дека нема да го продолжи долгорочниот договор за увоз на гас по истекот на три години.

Напорите на Полска за намалување на зависноста од рускиот гас вклучуваат склучување долгорочни договори за испорака на природен гас од САД, Катар и други земји, како и развој на нов гасовод со Норвешка за испораки од Северното Море.

Полската компанија ПГНиГ објави дека, во согласност со одредбите на договорот, доставила известување до „Газпром“, кој е контролиран од руската држава, дека договорот ќе биде раскинат на 31 декември 2022 година. Компанијата посочи дека Полска ќе има доволно енергија по тој датум.

Полски претставници постојано изјавуваат дека финансиските одредби од договорот со Гаспром се неповолни и дека земјата плаќа поголема цена од другите во Европа. Полска користи околу 14 милијарди кубни метри гас годишно. Според договорот со „Газпром“, таа е должна да увезува околу 10 милијарди кубни метри руски гас годишно.

 

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Пари од ФИТР за учество на ученици на меѓународни натпревари

saso user

ЕУ на располагање ќе има 168,3 милијарди евра буџетот во 2020 година

saso user

Бруцелозата кај овците и козите ќе се сведува на еден отсто

saso user