Свет

На 9 декември Макрон ќе биде домаќин на Путин, Зеленски и Меркел

Францускиот претседател Емануел Макрон ќе биде домаќин на Самит за Украина на 9 декември, на кој се поканети претседателите на Русија и Украина, Владимир Путин и Володимир Зеленски и германската канцеларка Ангела Меркел, соопшти вечерва Елисејската палата.

На Самитот ќе се разговара за решавање на конфликтот меѓу украинските безбедносни сили и проруските бунтовници во источна Украина. Киев и Западот ја обвинуваат Русија дека ги поддржува бунтовниците, што Москва негира.

– Самитот ќе се одржи по значителниот напредок забележан во преговорите од минатото лето. Овие преговори помогнаа да се смири ситуацијата и да се продолжи со спроведувањето на Договорот од Минск, соопшти кабинетот на Макрон.

Од 2014 година, повеќе од 10.000 луѓе се убиени во судирите меѓу украинските сили и проруските бунтовници. Иако беше постигнат мировен договор во Минск во 2015 година, примирјето во тој дел на Украина постојано се прекршуваше со меѓусебни обвинувања од спротивставените страни.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Осум месеци затвор за лидерот на Штаерска гарда

saso user

Уапсен шведски развивач на софтвер поврзуван со Асанж

saso user

Десетици бебиња починаа во лежалките „Рок енд Плеј“, САД ги повлекува од пазарот

saso user