Балкан

Вучиќ не оди во Загреб за да не ги наруши односите со Хрватска

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска дека нема да оди во Загреб на конгресот на Европската народна партија (ЕПП) бидејќи не сака да ги наруши односите со Хрватска, иако, како што вели, без проблем би одговорл на провокациите од таа земја.

– Да одам само за да ги нарушувам односите – нема, иако без мака би одговорил на провокациите. Уште помалку гледам смисла да одам за да им се додворувам – истакна Вучиќ.

Тој рече дека не гледа ниту стратешка ниту рационална причина за конфликт со Хрватите, но и дека односот меѓу двете земји треба да биде заснован на партнерски односи.

Претседателот на Србија и на Српската народна партија Александар Вучиќ одлучи да не учествува на Конгресот на ЕПП во Загреб на 20 и 21 ноември и за таа одлука писмено гои известил претседателот на таа партија Јозеф Даул, соопшти синоќа „Блиц“.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Грција го забрани увозот на свинско месо од Бугарија

saso user

Авион принудно слетал на автопатот Загреб – Риека, нема повредени (ФОТО)

saso user

Српската новинарка Драгана Трипиќ пронајдена мртва во својот стан

saso user