Спорт

Хорхе Лоренцо ја завршува кариерата

Хорхе Лоренцо ќе ја заврши кариерата во мототрките. 32-годишниот Шпанец се откажува по завршувањето на оваа сезона, откако остана само една трка до крајот, онаа во Валенсија.

Лоренцо е трикратен МотоГП шампион и го прекинува учеството поради една година полна со повреди.

Шпанскиот возач е шампион во кралската класа за 2010, 2012 и 2015 година. Во 202 трки, Хорхе има 47 победи, вкупно 114 пласмани во првите три, како и 43 пол-позиции.

Лоренцо се натпреварува во МотоГП од 2008 година, а претходно учествуваше во Мото 2 и Мото 3 шампионатите.

Фото: EPA/EFE/PASQUALE BOVE

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Трет заразен со КОВИД-19 во НБА

saso user

Барселона со пресврт до триумф над Интер

saso user

Можно е и следната НБА сезона да се игра во „балон“

saso user