Здравје

Развоен психолог: Ускратувањето на играта заради рано учење е многу штетно за децата

Учењето академски знаења во градинка нема долгорочни придобивки, туку е штетно, пишува развојниот психолог Питер Греј, повикувајќи се на научни истражувања. „Раното учење не го намалува јазот помеѓу богатите и сиромашните, што е најчестото оправдување за раното учење. Предучилишните установи кои почнуваат да го работат училишниот материјал во предучилишна возраст се малку поуспешни во прво одделение, до трето одделение се губи нивната предност, а некои од најдобрите студии покажуваат дека до четврто одделение тие деца почнуваат да имаат полоши резултати од оние кои не биле во програмите за рано учење. Исто така, децата од градинка имаат полоши показатели на емоционален и социјален развој од оние кои си играле во градинка.“

Зборував на многу конференции за раното учење низ годините и постојано слушам наставници кои се жалат дека децата се несреќни затоа што им се ускратува играњето на сметка на седење на биро. За среќа, честопати запознавам наставници кои ја напуштаат оваа пракса токму затоа што не сакаат да спроведат програми што им штетат на децата. И ова се најдобрите воспитувачи кои гледаат што се случува со децата и не сакаат тие да страдаат “, предупредува Греј.

„Тогаш, зошто го продолжуваме овој ужасен тренд на негирање на детската игра и социјалните активности од кои учат толку многу, и подложувајќи ги на бесмислената и површна „академска работа“ од која толку малку добиваат? Мое мислење е дека политичарите што ги прават образовните политики и бирократите кои ги спроведуваат, се незаинтересирани и арогантни. Ниту тие знаат многу за децата и за учењето, ниту се грижат за две групи на луѓе кои знаат за тоа. Тие не обрнуваат внимание на научниците што го истражуваат развојот на децата и не обрнуваат внимание на воспитачите и наставниците, кои секојдневно сведочат како овие политики влијаат врз децата.

Во минатото, наставниците можеле да донесуваат одлуки за работа на час врз основа на сопственото искуство, знаење и здравиот разум, прилагодувајќи го методот на различните и променливите потреби на секое дете. Но, денес наставниците се сметаат за бирократи, обврзани да ги извршуваат плановите направени од некој погоре – толку часови по ова, толку часови за она – и сè мора да биде исто за сите деца, без оглед на нивните интереси и способности. Децата се само бројки, а не лица “.

„Честопати се прашував што ќе се случи ако наставниците, кои увиделе што се случува, се бунеле и протестирале, не индивидуално, туку здружени. Бев воодушевен кога прочитав за заедничкиот отпор на наставниците од Бруклин, Масачусетс, во јуни годинава. Триесет и седум наставници од 34 државни градинки во Бруклин потпишаа писмо што го прочитаа гласно на состанокот на Училишниот одбор на Бруклин:

Еве дел од ова писмо:

„Ние ги посветивме своите кариери на предавање на петгодишни и шестгодишни деца и се уверивме дека некои современи практики имаат долгорочно штетно влијание врз социо-емоционалната благосостојба на децата. Затоа денес сакаме да укажеме на една нова димензија што се појави во градинките во Бруклин. Во прашање е јазот помеѓу научното истражување на воспоставените начини на кои децата учат најдобро – и програмите што одговорните бараат од нас да ги примениме. (…) Забележуваме дека многу деца веќе се борат со анксиозност затоа што знаат дека се очекува да читаат на училиште. Сега е вообичаено да се слушнат децата од предучилишна возраст кои велат „не знам да читам, мразам читање, мразам училиште, не сум добра во ништо“. Ова е она што најмногу нè загрижува.

Академските притисоци врз деца на возраст од пет и шест години им отежнуваат на овие деца да развиваат самоконтрола, да бидат независни и креативни. Сите истражувања покажуваат дека децата треба да поминат време во игра, но заради барањата на академско учење, учењето преку игра го има се помалку, а некои денови дури и ниту едно. Како воспитувачи, знаеме дека играта не е само игра – таа развива функции на мозокот, овозможувајќи ни да ги следиме нашите цели и да се спротивставиме на одвраќањето. Преку игра, децата развиваат концентрација и контрола на емоциите.

Малите деца се создадени за да се движат и да истражуваат. Многу деца кои мораат да седат подолг временски период стануваат фрустрирани, добиваат грчеви во мускулите и се вртат на столчињата. Се повеќе и повеќе деца се дијагностицирани со АДХД и други проблеми во однесувањето, а ние знаеме зошто тоа се случува. Сепак, она што се прави само го продлабочува проблемот … “

„Се прашував дали нешто се сменило по овој истап на воспитувачите во Бруклин и научив дека во новата учебна година, сè е исто. Дали наставниците ќе имаат сила да направат повеќе, да штрајкуваат ако треба? Не штрајк поради лоши плати или придобивки, туку штрајк за придобивки за нашите деца и за подобра иднина на нацијата“, прашува Питер Греј на крајот од својот авторски напис во списанието ’Psychology Today’.

Фото: Pixabey

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Екраните можат да предизвикаат зависност кај малите деца, но и аутизам

saso user

Онлајн кампања: Јади паметно!

saso user

Што видот на кашлицата открива за тоа колку ви е загрозено здравјето

saso user