Сцена

Почина Бранко Лустиг, хрватскиот продуцент кој го преживеа Аушвиц

Во Загреб, во средата вечер во 87. година од животот почина Бранко Лустиг, најпознатиот хрватски филмски продуцент и освојувач на два оскари за филмовите „Шиндлеровата листа“ во 1993 година и „Гладијатор“ во 2000 година. Тој е двоен добитник и на наградата Златен глобус за наведените филмови.

Бранко Лустиг е роден во Осијек во 1932 година. Поради еврејското потекло во текот на Втората светска војна бил заробеник во злогласните концентрационите логори Аушвиц и БергенБелсен. Повеќето членови од неговото семејство исчезнале во концентрационите логори ширум Европа, вклучувајќи ја и неговата баба која била убиена во гасна комора и татко му кој бил убиен во Чаковец.

Иако многу млад, успеал да ги преживее ужасите на логорите, а на денот кога бил ослободен имал само 30 килограми. Неговото искуство од логорите е вградено во „Шиндлеровата луста“, филмот на Стивен Спилберг, на кого му помогнал уверливо да ги прикаже мачните сцени од концентрационите логори.

Дипломирал глума на Академијата за драмски уметности во Загреб, а истата година ја започнал професионалната кариера во Јадран филм.

По „Миротворецот“ со Никол Кидман и Џорџ Клуни почнал да работи со Рдли Скот, со кого, по освоениот оскар за „Гладијатор“, соработувал на филмовите „Ханибал“, „Падот на Црниот јастреб“ „Кралството небеско“, „Добра година“ и „Американски гангстер“.

Бил вклучен во речиси сите странски филмски продукции во поранешна Југославија. Од филмовите и сериите на кои работел во тоа време, најзначајни се „Изборот на Софија“, „Лимениот барабан“, „Ветришта на војната“…

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Почина Макс Рајт, таткото од серијата „Алф“

saso user

Лука Лазукиќ осуден условно на три години затвор поради претепувањето на Наташа Беквалац

saso user

Уапсена членка на „Пуси рајот“ поради користење дрога, ѝ се закануваат 15 години затвор ФОТО

saso user