Балкан

Пожар на јахта во Атина се прошири на уште две, 18 пожарникари се бореа со огнот

Од засега непознати причини рано утрово изби пожар на јахта закотвена на марина во јужниот дел на Атина, а брзо се прошири на уште две јахти, јави дописничката на МИА од Атина.

Противпожарната служба на Грција со 18 пожарникари со шест возила и противпожарен брод, успеа да го стави под контрола пожарот, а предизвикана е материјална штета на три јахти. Едната е целосно уништена, втора претрпела големи, а третата мали штети.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Стабилна е здравствената состојба на Вучиќ

saso user

Мицотакис бара изгласување недоверба за алтернативниот министер за здравство, Ципрас барањето ќе го претвори во гласање доверба на Влада

saso user

НИН без насловна фотографија

saso user