Балкан

Косово: Отфрлена жалбата на ВВ, гласовите од Србија неважечки, Нисма влегува во Собрание

Врховниот суд на Косово одлучи денеска да се прогласат за неважечки над 3.700 коверти со гласови стасани од Србија за вонредните парламентарни избори одржани во земјата на 6 октомври, со што коалицијата предводена од Социјалдемократската иницијатива (Нисма) доби шест места во новото Собрание на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Највисоката судска инстанца во Косово ги одби сите поплаки на одлуката на Изборниот панел за поплаки и претставки (ПЗАП), кој во понеделникот ѝ наложи на Централната изборна комисија (ЦИК) да ги избрише од конечните резултати гласовите од Србија, како што побара коалицијата на Нисма и Алијансата ново Косово (АКР).

На оваа одлука на ПЗАП пред Врховниот суд поднесе жалба партијата Движење самоопределување (ВВ), кој победи на изборите од 6 октомври, но која наместо 32 пратеници колку што имаше според конечните резултати што ги објави ЦИК на 7 ноември, сега ќе има 29.

Во соопштението што попладнево го достави до медиумите, Врховниот суд наведува дека се отфрлени како неосновани поплаките на пратениците на ВВ, кои со одлуката на ПЗАП останаа надвор од собраниските клупи, како и други шест поплаки од Демократскиот сојуз на Косово и од неколку партии на помалите етнички заедници.

На одлуката на ПЗАП за бришење од конечните резултати на гласовите стасани од Србија се жалеше партијата Движење Самоопределување (ВВ), која излезе како победник на октомвриските избори.

По поништувањето на гласовите од Србија, како што побара коалицијата Нисма – АКР, освен ВВ, која изгуби три пратенички места, по еден пратеник ќе изгубат и Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) – 28 наместо првичните 29, Демократската партија на Косово (ПДК) – имаше 25, сега останува со 24 – и Алијансата за Иднината на Косово (ААК), која наместо 14, сега ќе има 13 пратеници.

Освен бришењето на гласовите пристигнати од Србија, ПЗАП во понеделникот ѝ наложи на ЦИК и да се пребројат гласовите на 1.472 од вкупно 2.547 гласачки места, на кои се гласаше на 6 октомври. Ова, според најавите од ЦИК и предвидувањата на политичките аналитичари, ќе го одложи објавувањето на конечните резултати, а со тоа и формирањето на новото Собрание и на Владата на Косово, за околу три недели.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Мира, сопругата на Слободан Милошевиќ се бори за живот

saso user

Нема да го признава српскиот пасош: Во Косово само со лична карта

saso user

Блерим Река, кандидатот за претседател на Македонија, сега кандидат за шеф на дипломатијата на Косово

saso user