Бизнис

Раст од 12,8 проценти на туристите во септември, најбројни од Турција

Во септември годинава во државава се регистрирани 122.645 туристи, со 275 892 ноќевања, при што во однос на септември лани има раст од 12,8 проценти, односно за шест проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Регистрирани се 0,6 проценти помалку домашни туристи, за разлика од странските кај кои има зголемување за 17,4 проценти. Ноќевањата на домашните туристи се зголемени за 5,9 проценти, а на странските за 11,6 проценти.

Најмногу туристи, 12.063, имало од Турција, по што со по околу пет илјади следат тие од Германија, Полска, Бугарија, Грција, Холандија… И во септември топ дестинации за туристите биле езерските места, по кои е рангиран главниот град, па планинските и бањските места. Најголем дел, 53.000, биле сместени во хотели со четири ѕвездички, 27.578 во хотели со пет ѕвездички, а во куќи, станови за одмор и соби за издавање се сместиле 5.960.

Во првите девет месеци од годинава споредено со истиот период лани вкупниот број на туристи е зголемен за 3,4 проценти: кај домашните за 1,1 процент, а кај странските за 4,8 проценти. Притоа кај ноќевањата има зголемување за 1,9 проценти, со намалување од 0,1 процент кај домашните и раст од 4,4 проценти кај странските.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Ангеловска-Бежоска на тркалезна маса со Тао Жанг од ММФ: Дискусија за предизвиците на пазарот на труд и влијанието на демографските трендови

saso user

Избрани „Топ 100“ најголеми, најмоќни и најуспешни компании

saso user

Зорица Заева: Кога жените губат, сите губиме

saso user