Свет

760 килограми „многу чиста дрога“ пронајдени на брегот на Атлантскиот Океан

Француската полиција истражува како 760 килограми „многу чиста дрога“, вредба 60 милиони евра, се појавиле на атлантскиот брег во пластични црни кеси.

Полицијата ги предупреди граѓаните да не ги допираат пакетите.

Канцеларијата на обвинителот во Рен посочи дека кокаинот во пакетите е „многу чист“, а со тоа и опасен и ги повика граѓаните штом забележат таков пакет да ја повикаат полицијата.

– Сомнителните пакети има на сите плажи од Лоар-Атлантик департментот со Ланд, што е оддалеченост од околу 500 километри, се наведува во соопштението и се додава дека само на една плажа вчера биле пронајдени 14 килограми дрога.

Пакетите најверојатно се направени во ЈУжна Амрика и полицијата истражува дали некој брод била погоден од бура, што би можело да ги објани пакетите дрога.

 

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Полицијата со сино ги обележа „жолтите елеци“ во Париз

saso user

Мас: Балканот меѓу задачите на германското претседавање со ЕУ

saso user

Руската Црноморска флота со зголемена готовност поради вежба на НАТО

saso user