Свет

Чиле пишува нов Устав за да ги смири демонстрантите

Чилеанската влада се согласи да напише нов устав, со кој ќе се замени сегашниот кој потекнува од времето на диктатурата на Аугусто Пиноче, а со цел да да ги смири повеќенеделните насилсни протести.

Министерот за внатрешни работи Гонзало Блумел изјави дека претседателот Себастијан Пинера, членови на претседателската администрација и политички сојузници се согласиле дека Конгресот ќе го води процесот на повторно пишување на уставот. Чилеанците ќе гласаат за нацрт-уставот на референдум.

– Пред сѐ, треба да се фокусираме на целта – промена на општествениот договор, кој е поставен како основен услов на нашите граѓани – рече Блумел.

Делови од Уставот се изменети неколку пати од 1980 година, кога беше прогласен, но критичарите велат дека новиот устав мора да вклучува заштита на социјалните права и да ја зголеми вклученоста на граѓаните во демократските процеси. Противниците на промена на уставот тврдат дека постојниот устав е столб на стабилноста за Чиле, една од најбогатите земји во Јужна Америка.

Протести избувнаа пред три недели поради зголемувањето на цените на билетите за метрото, а во нив досега загинаа најмалку 20 лица. Демонстрантите постојано бараа нов устав.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Јапонска новинарка го тужела силувачот и добила отштета од 30.000 долари

saso user

Заразен ученик испрати во изолација цело одделение во Берлин, а учебната година само што започна

saso user

Изрекување пресуда за Радован Караџиќ

saso user