Бизнис

Хотелиери и туроператори го преплавија Солун, државата втора година нема штанд

Меѓународниот саем за туризам „Филоксенија“ и хотелиерство „Хотелија“ кој од 8 до 10 ноември се одржа во Солун, помина без учество на македонски претставници од здружението на хотелиери и туристичките агенции, но затоа имаше бројно учество на посетители.

Овој саем годинава не беше во фокусот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, а хотелиерите членовите на Здружението ХОТАМ немаа свои претставници бидејќи последните години е слаба посетеноста на саемот, но и на грчки туристи во земјава.

– По кризата во Грција преполовен е бројот на гости од Грција. Посетите се сведуваат на коцкарници и ноќевања од еден најмногу два дена. Затоа и нема интерес од хотелиерите да се претставуваат на овој саем – вели претседателот на Здружението на хотелиери Крсто Блажевски.

Но, иако немаше претставници од ХОТАМ, сепак хотелиери и туроператори од земјава беа присутни на саемската манифестација.

Организирани со два автобуси на туристичката агенција „Арботурс“ изминатите два дена во Солун 100 посетители хотелиери и туроператори имаа средби со свои колеги од земјите кои се претставија на саемот.

– Веќе две години на Саемот во Солун нема посебен штанд за македоснките хотелиери и туроператори, но голем број хотелиери и туроператори имаат B2B средби со колеги од голем број земји. За „Арботурс“ овој саем е посебно добар бидејќи потпишавме договори со странски туроператори и станавме дел од Светската туристичка организација на туроператори и хотелиери. Значи сме на светската платформа за туризам и веќе договараме групи за балканските тури од земјите од поранешниот Советски сојуз – вели Дончо Нацев од „Арботурс“.

„Арботурс“осум години по ред  организира посета на 12 саемски манифестации и се обидува да воспостави контекти на ниво на комори на туроператори.

На Саемската манифаестација во Солун беа присутни голем број хотелиери и туроператори од Грција, Јапонија, Кенија, Перу, Полска, потоа Тајланд, Бали…

Најзабалежливи, пак, беа штандовите на Перу и Кенија кои беа нешто ново не само за македонските, туку и за грчките, српските и бугарските посетители. Штандот на Перу посебно ги воодушеви посетителите со музичката изведба, а кенискиот штанд покрај сафари туризмот изобилуваше со тури кои ја претставуваат културата на оваа земја.

Полска, пак, годинава почестен гостин на саемот поради 100-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи со Грција.

Домаќинот Грција годинава стави акцент на селкиот туризам со посебен штанд, а храната културата и климата на островите вообичаено предизвикааа внимане кај посетителите.

Надвор од саемската манифестација Солун беше полн со туристи за што придонесе и убавото време.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Машиновозачите бараат да бидат изземени од кратењето на надоместоците

saso user

Додека добиете „црно на бело“ дека сте пензионер, гледајте да не станете и пациент – сини картони има само за 2 месеца

saso user

Купони со попуст во 60 фирми со новата „Златна книга“

saso user