Македонија

Тетово се гушело поради реконструкција на улица

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека реконструкција на улица во Тетово и создавањето дополнителни количини прашина е причина синоќа да има 801 микрограми на метар кубен ПМ10 честички во воздухот во градот.

Последните денови, мерната станица во Тетово со локација во дворот на основното училиште „Св. Кирил и Методиј”, покажува дека концентрацијата на ПМ10 честичките е над дозволените граници, посочија од Министерството.

Од Министерството наведуваат дека побарале од Државниот инспекторат за животна средина да излезе на терен и да ги провери можните извори на загадување. После направениот увид се утврди дека на булевар „Видое Смилевски Бато” во близина на самата локација на мерната станица се врши реконструкција на самата улица, при што е утврдено дека се генерира значителна количина на прашина, информираат од Министерството.

Според надлежните, за состојбата се дадени насоки на изведувачите, како да се постапи да не се повтори зголемувањето на концентрацијата на ПМ10 честичките во Тетово.

Контактирани се службите на ЈП „Македонија пат” кои се задолжени редовно да прскаат со вода додека трае реконструкцијата на патот, со што количината на генерираната прашина ќе се намали на дозволените граници, потенцираат од Министерството.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Мемеди замина од Собрание: Немаше предавство од Заев и Ахмети,туку несериозност

saso user

Џафери-Данчила: Членството во НАТО и ЕУ од големо значење за Западен Балкан

saso user

ЕКСКЛУЗИВНО Што пишувале македонските и бугарските автори во седумдесеттите за Гоце Делчев

saso user